Голем 24-часовен синдикален штрајк ја блокира Грција. Се подготвуваат протестни демонстрации против социјалната политика на владата на Кирјакос Мицотакис.

Синдикатите уште еднаш ја блокираа државата со 24-часовен штрајк.

Ги запреа сите начини на транспорт. Од полноќ не сообраќаат возови, блокирани се пристаништата. Откажани се десетици летови до грчките аеродроми. Метрото, градските автобуси и тролејбусите сообраќаат само до 8 часот наутро за луѓето кои работат да имаат превоз. Во штрајкот учествуваат и такси возила.

Протестираат државните службеници, но и голем дел од оние кои работат во приватниот сектор. Многу продавници и ресторани денеска не се отворија во знак на сочувство за штрајкот.

Протестите се против целокупната социјална политика на владата. Високите цени, скапите горива, невработеноста, ниските примања и платите ги кренаа Грците на протести.

Подоцна се подготвуваат демонстрации и во Атина и во други градови во земјата.

Опозициските партии го поддржуваат штрајкот, а пратениците ќе се приклучат на демонстрациите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.