Жељко Ражнатовиќ Аркан бил ментор и голем пријател на Лука Бојовиќ, кој по неговото убиство во 2000 година се впуштил во крвава криминална одмазда како нов водач на новиот  „Земунски клан“. Toj како тинејџер влегол во „тигрите“ и бил еден од најверните „војници“.

Но, по сите процеси, подоцна покренати за серија убиства, Бојовиќ остана чист пред законот, бидејќи немаше докази.

Екипата од Аркановите „Тигрите“ засилена со „земунскиот клан“ веднаш почнала да планира одмазда откако бил убиен командантот меѓу нив бил и Лука Бојовиќ. Низ Србија беа извршени десетина ликвидации  на оние што ги означија како одговорни за смртта на Ражнатовиќ. Името на Бојовиќ по тој повод неколку пати се појавуваше во судските списи но за него немаше обвинение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.