Додека даваше изјава за медиумите, галеб изврши нужда врз ракавот на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во тек на обраќањето на Пленковиќ за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.

Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка кажа Пленковиќ, бришејќи ги трагите од птичји измет од оделото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.