Откако бурата „Даниел“ ја опустоши Грција, практично цела недела на социјалните мрежи кружат снимки од последиците од катастрофалните поплави во земјата. Има лизгање на земјиштето, уништени електрични столбови, а силните порои однесоа десетици автомобили.

На една од снимките од поплавите во Атина се гледа надојдената вода носи жена. Таа очајнички се обидува да се задржи за сообраќаен знак, а за нејзина среќа, на помош и пришол случаен минувач кој успеал да ја спаси.

Метеоролошката служба на Грција објави дека земјата е погодена од најекстремните временски појави во однос на врнежите откако се води евиденција.

Грчката полиција го затвори сообраќајот во централниот град Волос, блискиот планински регион Пелион и туристичкиот остров Скијатос, бидејќи рекордните дождови предизвикаа најмалку еден смртен случај, а автомобилите беа однесени од поплави.

Пожарникарите соопштија дека еден маж загинал во близина на Волос кога врз него паднал ѕид. Пет лица се водат како исчезнати, најверојатно однесени од поплавата.

Властите испратија предупредувања преку мобилни телефони до неколку други области во централна Грција, предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.