Поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Роберт Певец (38) ја убил својата поранешна сопруга (33) во Дравоград, Словенија, недалеку од австриската граница, пишува словенечкиот портал svet24.si.
И покрај забраната за приближување, 38-годишникот влегол во нејзината куќа и ѝ нанел тешки повреди, на кои таа подоцна им подлегнала. Според словенечките медиуми, нивните деца биле во куќата кога се случило злосторството.
Полицајците кои пристигнале на местото на настанот се обиделе да ѝ го спасат животот на 33-годишната жена, но залудно. Таа починала во болница од тешките удари и давењето.
Соседите изјавле дека никогаш немале проблеми со семејството зошто тие секогаш „се држеле на страна“. Не се знае што се случува во моментот со децата.
Певец своевремено беше словенечки репрезентативец во тимовите до 17, 20 и 21 година, а во кариерата настапуваше и во својата земја и Австрија. Играше за Дравоград, Блајбург и Руден, а се пензионираше пред три години. Играше во средниот ред и своевремено беше еден од најголемите таленти на својата генерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.