Бугарија се соочува со сè поголеми обвинувања дека ги злоупотребува луѓето кои се обидуваат да ја преминат нејзината граница со Турција, а барателите на азил велат дека биле насилно вратени назад, затворани, соблечени и тепани, пишува во средата AFP.
Балканската земја членка на Европската унија и на НАТО служи како порта кон Унијата и се обидува да ги заостри граничните премини за да го спречи зголемениот број луѓе кои се обидуваат да преминат, кој достигна ниво што не е забележано од гелоемата европска мигрантска криза во 2015 година.
Од почетокот на минатата година, сведоци сме на многу интензивно и брутално враќање на луѓето, што е незаконска практика во ЕУ, изјави Дијана Димова, шеф на бугарската група за помош на бегалци Mission Wings.
Сведоштвата на барателите на азил собрани од AFP и извештаите на европската гранична агенција Frontex укажуваат на употреба на брутални методи на југоисточната граница на балканската држава. Граничната полиција спречила 164.000 обиди за „илегално преминување“ во 2022 година, во споредба со 55.000 во текот на претходната 2021 година, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи во Софија.
Зголемувањето на бројките во Бугарија веќе придонесува за блокадата од страна на Австрија и Холандија на нејзиниот влез во Шенген зоната, а прашањето ќе биде високо на агендата на самитот на ЕУ во Брисел подоцна оваа седмица.
Во обид да го спречат протокот на мигранти, бугарските власти ја засилија контролата по должината на 234 километри оградата од бодликава жица што ја покрива речиси целата граница со Турција.
„Нѐ тепаа со палки“
Имаше пријави за злоупотреба. Еден 16-годишен Сириец, интервјуиран од AFP во пограничен град кој не се споменува, рече дека бил приведен откако преминал во Бугарија и бил задржан во „затворен камп со висока ограда“, кој тој го нарекол „затвор“.
Една вечер, заедно со другите приведени го однеле до оградата на границата со Турција.
Таму нѐ поделија на Арапи и Авганистанци и почнаа да нѐ тепаат. Нѐ тепаа со палкии, рекол мигрантот кој сакал наводно да остане анонимен. Додал дека бил вратен преку граница во Турција.
Неколку европски медиуми објавија видео во декември, во соработка со организацијата Lighthouse Reports, на кое се прикажани група луѓе во импровизирана установа за притвор, барака налик на кафез, во јужниот пограничен град Средец. Истиот истражувачки извештај го вклучуваше и сведочењето на еден млад Сириец кој рече дека бил застрелан во градите од бугарската гранична полиција. Бугарските власти ги отфрлија обвинувањата како инсинуација.
Еден човек кој веќе добил статус на заштита во Бугарија, Али Хусеини, изјавил за AFP дека бил соблечен, ограбен и протеран во Турција минатата пролет додека се упатил кон границата за да го најде својот брат.
Овој 20-годишен Авганистанец се сретнал со својот брат и уште две лица, но вели дека рече дека маскирани полицајци „нѐ однесоа во шумата и ни ја зедоа облеката, вклучувајќи ги и моите пари, iPad-от и чевли… Потоа ја отворија оградата и не испратија кај другиот страна – кон Турција, еден по еден“. Откако истиот ден се врати „бос“ преку границата, тој вели дека повторно бил фатен, „удрен“ и „тепан“ пред уште еднаш присилно да биде вратен во Турција.
„Загрозување на основните права“
Нему му бела потребни цела седмица и патување во Истанбул за да се врати во Бугарија, а потоа уште пет месеци за повторно издавање на личната карта. Неговиот брат е депортиран од Турција во Авганистан.
Агенцијата за заштита на границите на ЕУ, Frontex спровела 25 постапки за „пријавување сериозни инциденти“ поврзани со активности во Бугарија во 2021 и 2022 година.
Враќањата се случуваат редовно во оперативната област и персоналот на Frontexс намерно се држи подалеку кога тоа ќе се случи, напишал еден офицер во извештајот во кој увид имал AFP.
Тоа „се случува во плитки области на реката, дури и кога нивото на водата е високо, кога мигрантите се принудени да пливаат без оглед на нивната способност или сила да го сторат тоа, додава офицерот.
Еден извештај ги детализирал „понижувачкиот и расистички јазик од страна на некои бугарски граничари, како што е нарекувањето на мигрантите ‘талибани’“, напишал офицерот.
Отсуството на веродостојно оперативно известување (од бугарската гранична полиција) може да сигнализира недостатоци во механизмот за известување или, уште позагрижувачки, постоење премолчена политика на непријавување дејствија кои сериозно ги загрозуваат основните права на мигрантите, заклучува Frontex.
Бугарија повеќепати ги отфрли обвинувањата од Брисел за наводно злоставувања на илегалните мигранти.
Во изминатата година, притисокот на нашата граница остро се зголеми и… дејствата на мигрантите стануваат сè поагресивни, рече бугарскиот претседател Румен Радев во јануари.
Најмалце тројца бугарски полицајци загинаа кога возила со илегални мигранти удриле во нивните автомобили минатата година.
Софија побара од ЕУ две милијарди евра за зајакнување на граничната ограда и подобрување на надзорот, но Брисел досега го одби тоа барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.