Црногорската полиција во моментов проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето Бар, велат за „Вијести“ од Полициската управа (УП).

Од пристаништето соопштија дека вработените веднаш биле евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност.

Радио Бар јави дека машки глас анонимно пријавил дека во пристаништето Бар е поставен експлозив. Повикот бил околу 12 часот од непознат број, и притоа мажот им соопштил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух“, пренесува „Вијести“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.