Европската Унија бара Косово да ја одложи забраната за употреба на динарот и да се најде решение во рамките на дијалогот, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Загрижува како декретот на Централната банка на Косово (ЦБК) ќе влијае на заедниците со мнозинско српско население, особено на училиштата и болниците за кои сега не изгледа остварлив ниту еден алтернативен процес. Оваа уредба, исто така, ќе има директно влијание врз секојдневниот живот на огромното мнозинство косовски Срби кои добиваат исплати или финансиска помош од Србија во динари“, рече Стано.

Тој додаде дека поради потенцијалните последици што може да ги има указот на ЦБК, кој предвидува единствена валута за плаќање на Косово да биде еврото, врз нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, ЕУ очекува дека сите аспекти поврзани со Србите живеат во Косово да бидат третирани во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ.

Повикуваме на доволно долг транзициски период кој овозможува изнаоѓање решение преку преговори“ за тоа прашање, рече Стано на прес-конференцијата по средбата на министрите за европски прашања на Европската унија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.