По седум години поминати зад решетки, Дарко Шариќ од неодамна е пуштен во домашен притвор со наногица Одлуката ја донесе Апелацискиот суд во Белград, по што однесен во куќата на неговата сопруга Лана Поповиќ.

Шариќ за малку можеше да биде убиен во затвор набрзо по апсењето во 2014 година од поранешниот член на „земунскиот клан“ Сретко Калиниќ (40), познат и по прекарите Звер и Касапин. Убиството го спречиле затворските чувари, но истиот ден Калиниќ итно бил префрлен од белградскиот притвор во затворот Забела во Пожаревац.

Инцидентот се случил кога случајно се сретнале додека се шетале. Калиниќ се обидел да го нападне Шариќ, а бидејќи е познат како суров убиец, прашање е што ќе се случело доколку стражарите не реагирале брзо и не спречеа поголем инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.