Тензиите околу поставените чадори и лежалки на плажите во туристичките места кулминираа годинава. Додека во Грција се кренаа протести за нелегално поставените лежалки, во хрватското село Пакоштане дојде до тепачка меѓу две жени.

Според информациите на „Слободна Далмација“, nа oбала „Петaр Крешимир“ 51-годишна жена го нарушила јавниот ред и мир октако вербално, а потоа и физички нападнала 33-годишна жена, чија мајка изнајмува лежалки.

Полициската управа на Задар наведува дека причина за конфликтот е расправија за лежалките за плажа. Поради ова 51-годишната жена „заработи“ обвинителен акт, пишува хрватскиот портал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.