Две маскирани лица денеска убија едно лице во католичка црква во Истанбул, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Двајца мажи нападнаа и убија жртва за време на неделната миса, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс. Католичката црква Санта Марија се наоѓа во областа Саријер во Истанбул.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамглу го осуди нападот. Јерликаја напиша дека властите работат на фаќање на напаѓачите.

Жртвата „Ц.Т., која беше меѓу оние на мисата, беше цел на напад со огнено оружје од две маскирани лица и за жал го загуби животот“, рече министерот на платформата Икс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.