Во Солун синоќа бил убиен државјанин на Албанија (37) додека се враќал во зградата каде што живеел.

Како што јавуваат грчките медиуми, мажот го паркирал автомобилот и се упатил кон влезот на станбената зграда, каде што го чекале убијците.

Според последните информации, напаѓачите пукале неколку пати, а полицијата пронашла четири чаури. Убиениот маж бил најден како лежи во крв на тротоарот.

Веднаш бил пренесен во болница, каде набргу починал. Според засега достапните информации, жртвата се здобила со најмалку пет рани од куршуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.