Откако во јавноста се појавија пораки со преписка од пријателот Матеј Периш, во кои тој разговара со својата девојка Сања за употребата на дрога во клубот „Gотик“, и откако se емитуваше интервју со Хрватката Маја Шопта со која исчезнатиот Спличанец се обиде да се најде Белград, се појавија нови прашања во овој случај кој веќе 22 дена ја тресе Србија и регионот.

Пораката наведува на заклучок дека другарите  се дрогирале критичната ноќ, но се уште не се знае дали Матеј земал дрота како и кој е „човекот со кој отишол на обиколка на клубот“, кој е се споменува и во објавените пораки .

Се претпоставува дека „човекот“ би можел да биде дилер, односно лице кое поседува наркотици.

Другарот на Матеј, Божо, кој кобната вечер бил со него во клубот „Готик“ изјавил дека не знае што се случило со Периш, и се прашувал дали е тоа халуцинирање,. дрога или нешто слично“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.