ОУ „Меша Селимовиќ“ утрово добило дојава за поставена бомба повторно, а учениците се евакуирани и во тек е проверка од страна на полицијата.
Како што потврди Мерсиха Новалиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, нешто пред осум часот училиштето го добило известувањето за поставената бомба преку електронска пошта.
Веднаш по пријавата на терен излегла специјалната екипа на МУП на КС и во тек е контрадиверзантски увид. Исто така, информиран е и дежурниот обвинител на Обвинителството на КС, а учениците се евакуирани.
Министерството за внатрешни работи на КС, но и образовните институции во последно време се занимаваат со се почести дојави за поставени бомби, кои досега – за среќа – се покажаа како лажни. Ова училиште во последните дваесетина дена е четврти пат да добива дојави за подметнати бомби.
Сепак, тоа во голема мера ја отежнува работата и на полицајците и на вработените во училиштата и факултетите, како и на учениците на кои им е забрането настава тој ден.
Исто така, МУП на КС неодамна идентификуваше и уапси две лица под сомнение дека испраќале лажни пријави за бомби на Меѓународниот универзитет во Сараево, а кривичната истрага против нив е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.