По средбата со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во Бања Лука, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, истакна дека неговиот гостин е голем пријател на Република Српска.

Денес, Унгарија е препознаена како наш навистина стабилен партнер и во тој поглед сакаме да го одржиме највисокото можно ниво на нашите односи, рече Додик.

Тој додаде дека низ времето е покажано високо ниво на разбирање, соработка и поддршка меѓу Република Српска и Унгарија.

Соработката меѓу Унгарија и Република Српска се заснова на меѓусебно почитување и горди сме на проектите што се реализирани досега. Унгарија, исто така, никогаш нема да се согласи еден функционер на Република Српска да биде на црната листа, бидејќи е неправедно кон гласачите кои ги избрале тие функционери, изјави Сијарто на заедничка прес-конференцијата.

Министерот за надворешни работи на Унгарија изјави дека неговата земја е пријател на Република Српска, со која има многу заедничко и му се заблагодари на Додик за развојот на пријателството и соработката.

Во ова време на закани и притисоци, потребни ни се силни и патриотски лидери како Додик, кој секогаш храбро ги застапува интересите на својата земја, рече Сијарто на завршната конвенција на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), пред изборите одржани во Република Српска во недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.