Според неофицијалните резултати што ги објави вечерва СДА, Бакир Изетбеговиќ моментно води во трката за бошњачки член на Претседателството на БиХ со 48,5 отсто (преброени 17.475 гласови), додека според нивните податоци Денис Беќировиќ има 47,95 отсто или 17.27 гласови.

За членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од хрватскиот народ, податоците од изборниот штаб на СДА покажуваат дека во моментов води Жељко Комшиќ со 59,8 отсто од гласовите или 10.933 преброени гласови, додека Борјана Кришто има 40,2 отсто или 73. гласови.

Портпаролот на СНСД, пак Радован Ковачевиќ, за РТРС изјави дека постои видлив тренд на поддршка за кандидатот на оваа партија за српскиот член на Претседателството на БиХ, Жељкo Цвијановиќ.

Според податоците на СНСД, а врз основа на обработени 101 избирачко место, од вкупно 2.237, кандидатот на СНСД за член на Претседателството на БиХ Жељкo Цвијановиќ освоил 5.198 гласа, а кандидатот на СДС Мирко Шаровиќ 2.734 гласа.

Исто така, врз основа на пет отсто обработени избирачки места, кандидатот на СНСД Милорад Додик води во трката за претседател на Република Српска.

Според податоците на СНСД, нивниот кандидат за претседател на ентитетот на РС Милорад Додик има 35 отсто повеќе гласови од кандидатот на опозицијата (СДС-ПДП) Јелена Тривиќ.

Во седум часот беа отворени нешто повеќе од 5.900 избирачки места. На овие се избераат 518 функционери на различни нивоа на власта. Граѓаните гласаа за избор на тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, 42 претставници во Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, 98 претставници во Претставничкиот дом на Федерацијата на Босна и Херцеговина, 83 претставници во Народното собрание на Република Српска, претставници во собранијата на десет окрузи во Федерацијата Босна и Херцеговина и претседател и двајца потпретседатели на РС.

За овие функции се натпреваруваат нешто повеќе од 7.200 кандидати од 90 политички партии и 38 партиски коалиции, како и 17 независни кандидати. Изборите ги следат околу 60.000 набљудувачи, од кои околу 50.000 се делегирани од политичките партии. Регуларноста на изборите ја контролираат нешто помалку од четири илјади меѓународни набљудувачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.