Хеликоптерот на српското Министерство за внатрешни работи, со регистарски број YU-VIP F-WWOC, со кој претседателот на Република Српска Милорад Додик во вторникот слетал на Хвар, влегол во Хрватска како обично цивилно летало, пишува Јутарњи лист.

Ова произлегува од одговорот на Хрватската контрола на летање (ХКЗП) до Јутарњи лист, во кој се наведува дека „планот на летот за наведениот лет е доставен до хрватската контрола на летање од страна на АРО (Канцеларија за известување АТС) на аеродромот во Бања Лука“. Во планот на летот, во колоната предвидена за тоа не бил наведен посебен статус на летот“.

Тоа значи дека официјалните органи на Република Српска и Србија целосно ги измамиле официјалните органи на Република Хрватска и ги прекршиле сите важечки дипломатски протоколи бидејќи леталото го пријавиле како цивилно.

Во одговорот на ХКЗП се наведува и дека „податоците од планот за летање не содржат информации за идентитетот на патниците и затоа ХКЗП немала информации за тоа кој се наоѓа во хеликоптерот“. За разлика од нив, хрватските безбедносни служби знаеле кој доаѓа на Хвар со овој хеликоптер. Весникот наведува дека неколку дена претходно од Кабинетот на претседателот ја известиле полицијата дека во Хрватска доаѓа хеликоптер со пет патници, а нивните имиња биле препратени на гранична контрола. А полицијата претходно била известена дека Додик ќе биде придружуван од неговото обезбедување, кое со себе има лично оружје, што било одлучено по вообичаениот протокол.

Пречекот на патниците на хелиодромот на Хвар го презеле вработени во Управата за безбедносни работи на МВР, кои со своите автомобили ги превезувале гостите до претседателската резиденција. Затоа, неверојатно звучат зборовите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека не знаел дека Додик дошол на Хвар додека на интернет не видел дека Александар Вучиќ рекол дека дошол со хеликоптер од Република Србија.

Најголемо безбедносно нарушување во овој случај е влегувањето на хеликоптерот на МВР на Србија во хрватскиот воздушен простор, кој практично без надзор прелета над половина Хрватска. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман вчера потврди дека се прекршени сите процедури, велејќи дека „Министерството за надворешни работи немало информации за доаѓањето на Милорад Додик во Хрватска и неговата средба со претседателот Зоран Милановиќ“. Вообичаен начин е да се извести Министерството за надворешни работи, да се испрати дипломатска нота. Затоа, претседателот на државата се согласи на тоа“.

Од кабинетот на Милановиќ денеска соопштија дека МВР било информирано за пристигнувањето на Додик на Хвар и дека тешко веројатно дека за тоа не бил запознаен ниту премиерот Андреј Пленковиќ, кој претходно изјави дека не знаел дека Милановиќ и Додик ќе одржат средба во Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.