Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.

„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.

Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.

Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен. Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.

„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.