Речиси осум часа Народното собрание на Бугарија расправаше за предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од ГЕРБ откако партијата „Има таков народ“ ги повлече четворицата министри од Владата на Кирил Петков.

Пратениците од владејачките партии и опозицијата вчера со часови дебатираа дали финансиската и економската политика на Владата е успешна или не.

Гласањето за предлогот за смена на Владата на Петков ќе биде денеска во 19 часот и 10 минути



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.