Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе – во Зоолошката градина.

Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни.

Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез.

Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен.

Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.

Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.

Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.