Силното невреме кое вчера го зафати Балканот, по Хрватска и Србија, продолжи на подрачјето на Црна Гора.
Урнати плажи, потонати автомобили, силен невреме кој корне дрвја се глетките што утринава ги пречекаа граѓаните.
Како што може да се види на видеата објавени на страницата на Инстаграм podgoricki_vremeplov, чадори, лежалки и маси се однесени од силниот ветер на плажите, а сообраќајот е едвај прооден.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Како што пренесуваат црногорските медиуми, центарот на Будва е под вода поради обилните врнежи, низ недовршена улица на 22 ноември течат потоци. Водата го поплави целото шеталиште.
Во Никшиќ силното невреме оштети покриви на куќи и откорна дрвја.
View this post on Instagram
Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвјата го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот Булевар Свети Петар Цетињски.
Три кранови се уништени во пристаништето Бар поради силно невреме.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.