Пратениците од 47. Народно собрание на Бугарија ја одобрија предлог-одлуката на „Демократска Бугарија“ за формирање Привремена комисија за измени во бугарскиот Устав.
Комисијата е формирана со 134 гласа „за“. ГЕРБ, ДПС и малата антиваксерска партија „Преродба“ одбија да предложат членови за комисијата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за претседател на собраниската комисија со 125 гласа е избран Христо Иванов од „Демократска Бугарија“.
Целта на измените во бугарскиот Устав е реформирање на правосудниот систем, што ќе доведе до смена на главниот обвинител Иван Гешев, кој оваа функција ја презеде пред две години.
За овие уставни измени да станат реалност владејачката коалиција во Бугарија треба да има 163 гласа во Народното собрание
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.