Министерството за здравство на Бугарија соопшти дека на осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата во која автобус со срски регистерски таблички се преврте на автопатот Тракија, во близина на Стара Загора.
Брза помош од подружниците на Центарот за итна медицинска помош во Сливен и Стара Загора веднаш реагирале на сигналот добиен нешто по 20:00 часот.
На лице место е извршена проценка на состојбата на оштетените и лицата кај кои е констатирана потреба од болничко лекување веднаш се транспортирани за лекарска помош во болнички услови, јавија бугарските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.