Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин, јави БТА. Мерката е неопходна откако претседателот на Собранието Никола Минчев даде позитивен тест за Ковид-19 по вчера одржаниот Советодавниот совет за национална безбедност.

Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив“, соопшти владината прес-служба.

Оттаму појаснуваат дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.

Посетата на Петков во Македонија е најавена за 18 јануари но прашање е дали ќе се одржи поради оваа ситуација и колку долго бугарскиот премиер ќе биде во карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.