Врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори ќе бидат трансферирани 200 затвореници албански државјани.

Според неодамна ратификуваниот договор Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога, јави Ора њуз.

Меѓу првите 17 кои ќе бидат трансферирани во албанските затвори, каде треба да ја доиздржат затворската казна е и серискиот убиец Мане Дриза.

Четириесет и петгодишниот Мане Дриза, серискиот убиец, кој инаку е познат како „Ал Пачино“ и „Тони Монтана“ или „Лице со лузна“, е осуден на 336 години затвор. Тој во 1997 година убил татко и син во Албанија и побегнал во Британија. Две години подоцна со секира убил свој сонародник во Британија, по што побегнал во Италија, каде во Сицилија убил двајца мажи, наведува телевизијата.

Останатите се на возраст од 24 до 49 години и се осудени по најмалку 30 години затвор.

Албанскиот министер за правда Улси Мања најави дека депортацијата на затворениците ќе почне во септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.