Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.
На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ – поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ.
Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот.
Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.