На северот на Косово се отстранети барикадите од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот телевизијата Н1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени.

Србите,коишто живеат во оваа област ги поставија барикадите пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

Барикадите на Косово се отстранети, но двата премини остануваат затворени

 15:26

На северот на Косово, барикадите се отстранети од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот N1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени.

Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

По притисокот на меѓународната заедница, Владата на Косово се согласи да го одложи спроведувањето на тие мерки за 30 дена.

Преминот Јариње се уште е затворен и не може да се помине дури и пеш. Од двете страни на преминот се формирани колони возила.

Слична е состојбата и на преминот Брњак, додека на преминот Мердаре сообраќајот се одвива нормално, со тоа што на сите со српски лични карти и натаму им се издаваат пропратни документи за влез-излез.

Косовската полиција претходно соопшти дека премините Брњак и Јариње ќе бидат пуштени за сообраќај веднаш по отстранувањето на сите барикади, а на овие премини нема да се применува уредбата на косовската Влада со која се забранува влез на територијата на Косово со српска лична карта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.