Бананите станаа најголемиот извозник на Балканот. Она што го „патентираа“ црногорските криминалци го продолжија нивните „колеги“ на Малта.

Цариниците во малтешкото пристаниште запленија рекордни 1,5 тони кокаин, проценет на 300.000.000 евра, скриен во контејнер со кој се превезувале банани од Колумбија во Словенија, објави малтешкиот весник „Малта тудеј“.

Цариниците заплениле 50 вреќи со речиси 1.500 пакувања од по еден килограм кокаин на брод што пловел за Копер во Словенија.

Царината соопшти дека заплената е рекордна по обем и вредност, многу поголема од пратката од 800 килограми кокаин запленета во истото пристаниште минатиот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.