Во стравична сообраќајна несреќа, што се случила во Нови Сад, доцна синоќа, загинале две лица. По силен удар на автомобил во паркиран камион, следувала експлозија.

Според првичните информации на српските медиуми, автомобилот со голема брзина удрил во паркиран камион, по што бил уништен во оган, затоа што силниот удар предизвикал експлозија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Несреќата се случила на булеварот Војвода Степа во Нови Сад. Во автомобилот имало две лица чиј идентитет се уште не е утврден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.