Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор за регулативата со која во безвизен режим ќе бидат опфатени и граѓаните на Косово со српски пасоши, како и на целиот Западен Балкан, а таа регулатива треба да ја донесат министрите за надворешни работи на 22 јули.

-На денешниот КОРЕПЕР II, амбасадорите начелно се согласија за регулатива со која се гарантира дека целиот регион на Западен Балкан е подложен на истиот визен режим. Ова ќе ги ослободи носителите на српски пасоши… за престој до 90 дена во земјите членки Советот сега ќе треба да ја усвои регулативата на следниот состанок на 22 јули, објави унгарското претседателство со Советот на ЕУ на социјалната мрежа „X“.

Србите од Косово, со пасоши на Управата за координација, останаа единствените во регионот на кои им е потребна виза за патување во ЕУ откако визната либерализација за Косово стапи на сила на 1 јануари 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.