Грчката полиција трага по двајца државјани на Албанија, кои се осомничени дека синоќа во Атина ладнокрвно застрелале три млади момчиња.

Безбедносните камери го снимиле моментот кога еден од напаѓачите по вербална расправија извадил пиштол и ги застрелал момчињата во глава. Се се случувало пред клуб, пред бројни сведоци.

Осомничените излегле од луксузниот „ренџ ровер“ и се доближиле до групата која стоела на улицата и оттаму започнала тепачката. Во еден момент осомничените во придружба на тројца од групата се упатуваат кон нивното возило. Потоа избива тепачка, а неколку секунди подоцна, пред бројни сведоци, еден од осомничените вади пиштол и почнува да пука.

Прво нишани во главата на младиот човек кој го удрил неговиот другар, потоа пука во вториот млад човек кој почнува да бега, а на крајот го застрелува и третиот млад човек кој ја гледал тепачката.

На пукањето посведочиле најмалку седум лица, кои дале изјави во полиција.

Според медиумите, едно од младите е во критична состојба, додека другите двајца се стабилни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.