Албанската полиција ја финализираше полициската мега-операција со шифра „Бурa”, при што се запленети 870 килограми марихуана и уапсени 11 лица.
Во акцијата се запленети и два пиштола, една автоматска пушка, четири автомобили, повеќе мобилни телефони, како и предмети што се користат за преработка и пакување на наркотици.
Директорот на Одделот за криминалистичка полиција во Генералната управа на државната полиција, Неритан Налбати, во изјава за медиумите заедно со обвинителите на Обвинителството при Основниот суд Берат, рече дека „како резултат на истражната работа, откриено е дека на подрачјето на селото Ререз, кај Берат, во повеќе пластеници сопственост на Х. Д., се вршел процес на преработка на наркотични растенија, претходно одгледувани на овој простор“.
– По добиени сознанија потврдивме дека овие оранжерии служеле за производство и преработка на наркотични растенија, како и за пакување наркотици, со цел нивна трговија. За тоа биле ангажирани стотина работници, главно жени за дневница од околу 50 евра, рече Налбати.
Во одделна акција полицијата кај Елбасан запленила 33,5 килограми марихуана и уапсила двајца браќа од село Требел кај Скрапар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.