Државниот врв на Албанија ја поздравија веста дека Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово, при што ја оценија како „многу значајна но неправедно одложувана“.

ЕУ направи чекор неправедно одложуван со години и конечно од себе ја трга дамката на срамот да го третира Косово како да е земја надвор од Европа! Честитки не само за Косово, туку и за Европската Унија“, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

Шефот на државата, Бајрам Бегај, пак, на Фејсбук наведе дека оваа одлука треба да се финализира што е можно поскоро и оти граѓаните на Косово треба да се чувствуваат еднакви со другите граѓани на Западен Балкан.

Го поздравувам овој значаен чекор што го направи Советот на Европската унија во однос на слободното, безвизно движење на косовските граѓани во Шенген зоната! Посакувам овој процес да заврши што е можно поскоро и граѓаните на Косово да се чувствуваат исто како и другите граѓани на Западен Балкан! Многу заслужена одлука“, пишува Бегај.

Честитки до Косово и неговите граѓани упатија и лидери на политички партии, кои меѓу другото оценуваат дека „Косово повеќе нема да биде изолиран остров во Европа“.

Советот на Европската Унија, во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.