Грција го укинува носењето маски во затворен простор.
Земјата денеска oбјави дека од 1 јуни ќе го укине задолжителното носење маски во авиони и затворени јавни места, откако ги укина ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот пред летото. Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија овој месец дека маските за лице нема да мора да се носат на аеродромите и на летовите во Европа од 16 мај. Грција во март го укина условот за носење маски во ресторани, барови и клубови.
За 24 часа има 4.626 случаи на Ковид-19 и 19 починати, со што вкупниот број на инфекции во земјата е 3.406.553 милиони, а бројот на смртни случаи 29.619.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.