Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ треба да биде подготвен за последиците доколку повторно одбие да го потпише Законот за Претседател, изјави премиерот Дритан Абазовиќ.

По претставувањето на Директоратот за интеркултурализам, Абазовиќ беше прашан што ќе се случи доколку Ѓукановиќ повторно одбие да ги потпише измените на Законот за Претседател и рече дека претседателот на Хрватска веќе еднаш го прекршил законот.

– Нека го прави тоа постојано, бидејќи се доаѓа на наплата. Моето барање е да не го прави тоа, но ако не сака да потпише, нека биде подготвен за последиците“ изјави Абазовиќ.

На прашањето какви се можностите доколку тоа се случи, тој рече дека има можности.

– Постојат можности, нема причина за загриженост. Демократската партија на социјалистите сака метеж во Црна Гора. Можат да го забават текот што започна, но не можат целосно да го сменат, изјави Абазовиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.