Двајца мажи се уапсени под сомнение дека ноќта меѓу неделата и понеделникот киднапирале и силувале 13-годишно девојче во градот Малишево во Косово.

Полицијата информирала дека девојката била пријавена за исчезната во неделата вечерта.

Во неделата на 10 март во полициската станица во Малишево е пријавено исчезнувањето на девојчето. Полицијата набргу ја лоцирала жртвата, а на 11 март околу 1 часот по полноќ ја пронашле со двајца мажи. Има сомнеж дека девојчето е силувано, а осомничените мажи се уапсени и сослушани, по што им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, а случајот се истражува, изјави полициски извор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.