Во Полициската станица Гевгелија денеска во 09.40 часот било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.