Прилепчанец на 80-годишна возраст претпладнето е пронајден мртов во двор на фарма на периферијата на Пирлеп, крај стариот пат за Битола. Итната медицинска помош констатирала смрт, но и дека делови од неговото тело биле изедени од свињи. Увид направија полицијата и основен јавен обвинител кој нареди обдукција за да се констатираат причините на смртта на прилепчанецот.

Екипата на Итната медицинска помош повикот го добила околу 11 часот.

Кога стигнавме до фармата, тешко беше пристапно, но со помош на полицијата влеговме во дворот и го пронајдовме телото на прилепчанецот, роден во 1943 година. Но сликата беше тешка и морничава. Имаше изедени делови од телото од свињи, десното стапало, делови од лицето, вратот, од градниот кош. Претпоставка е дека починал последните два дена, но обдукцијата ќе ги открие причините. Повикот за интервенција го добивме од комунален работник кого го замолил синот на починатиот го замолил да се јави, зашто изутрината го пронашол. Според кажувањето, тој татка си го немал видено една недела, а соседите велат дека последно го виделе во понеделникот, објаснува доктор Софија Ристеска од службата за Итна помош од Прилеп, која интервенирала на местото.

Од Основното јавно обвинителство велат дека е наредена обдукција и други детали за случајот немаат.

На увид на местото бевме околу 12 часот. Итната помош констатира смрт и наредив обдукција на телото на починатиот за да се констатираат причините за смртта. Телото на починатиот го пронашол неговиот син, изјави основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.