Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје.

Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 денари.

Исто таква парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер.

Казните за двата македонски ракометни великана се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март. Во 16 минута, по влегувањето на гостинските навивачи во салата „Јане Сандански“ почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачи на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчаните при тоа фрлајќи кон нив тврди предмети.

По петнаесетина минути ситуацијата се смири и натпреварот продолжи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.