Украинската ракометна репрезентација поради руската инвазија на земјата го откажа настапот на претстојните мундијалски квалификации во кои следната седмица требаше да игра против Финска, потврди денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).
– Ракометната федерација на Украина нè извести дека националниот тим се откажува од квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство 2023, кои требаше да ги игра против Финска на 16 или 17 март, како и реваншот на 20 март, бидејќи не е во можност да се подготви и да патува, се наведува во соопштението на ЕХФ.
Двата натпревари се регистрирани со службена победа од 10-0 на Финска, која директно се пласираше во втората квалификациска фаза во која за место на Мундијалот ќе игра против Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.