Навивачите на македонската ракометна репрезентација од денеска можат да купат билет за мундијалскиот бараж против Романија што ќе се одигра в четврток во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 19 часот.

– Продажбата на влезници за натпреварот започнува денеска напладне и билетите можат да се набават електронски преку интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата по цена од 100 денари, соопшти Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Навивачите е потребно да поседуваат сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан коронавирус во последните шест месеци.

Реванш натпреварот ќе се игра во Романија на 20 март, а поуспешната репрезентација од двата дуели во финалниот бараж за место на Светското првенство во 2023 година ќе игра против Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.