Пикерот на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов, гледа позитивни моменти во нашата селекција и покрај поразот од Словенија на отворањето на Европското првенство.
Прво честитки до Словенија за победата. Денеска не одиграа најдобро затоа што ние ги натеравме да играат така. На оваа репрезентација и недостасува искуство, немавме и среќа да освоивме бод или да победиме денес. Се надевам дека ваква игра само со помалку технички грешки ќе прикажеме и на следните два натпревари – вели Стоилов.
Тој вели селекцијата играла добро и покрај тоа што многу недостасувал Кире Лазаров, кој поради повреда на првенството ќе ја има само улогата на селектор.
Кире не ги играше пријателските натпревари и се навикнавме и без него, момците видоа дека можат без него. Правевме грешки во одредени моменти поради избрзувањето и неискуството. Видовме дека можеме и вака, промена на генерации мора да има, а оваа репрезентација е на вистинскиот пат – вели Стоилов.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра против Црна Гора во сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.