Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, во анализа на натпреварот во кој нашите ракометари загубија од Словенија со 27:25 вели дека треба да се извлечат позитивните моменти од средбата.

Ристовски порачува дека може да радува играта и карактерот што го покажаа младите ракометари, во селекцијата.

И покрај поразот, ме радува фактот што и натаму не краси борбениот дух кој е симбол за нас и во минатото. Штета е што не го искористивме налетот на првиот натпревар на голем настан што секогаш е одлика за нас. Ме радува што Томовски го почна првенството на вакво високо ниво и треба да се извлечат позитивните работи од поразот.

 

Се појавија неколку млади играчи кои покажуваат дека можат да помогнат и позитивно сум изненаден од играта во одбраната, како одиграа Мишевски и Талески во одбрана. Одбраната беше подобриот дел од нашата игра.

 

Жалам што на крајот не ги искористивме одбраните на Томовски и силната одбрана. На крајот пресуди и искуството, не го искористивме џокерот да изненадиме на првиот натпревар. И покрај поразот, ќе кажам дека со ваков пристап ќе имаше шанси против Црна Гора и Данска, прикажаното ми дава за право да се надевам на победи – анализира Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.