Репрезентациите на Шпанија и Шведска ќе играат во утрешното финале на Европското ракометно првенство, кое на поуспешниот тим ќе му донесе историски успех.
Актуелниот европски првак Шпанија со триумф ќе стане само втората ракометна нација по Шведска која освоила три последователни европски титули, додека шведските ракометари со победа ќе го зацементираат своето место во историјата како рекордни шампиони, 20 години по последниот златен медал освоен на европските првенства.
Шведска избори финале откако вчеравечер во драматична завршница беше поуспешна од актуелниот олимписки првак Франција (34-33), додека Шпанија избори финале за одбрана на титулата совладувајќи го актуелниот светски првак Данска ((29-25).
Финалето се игра утре во Будимпешта од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.