Реномираниот специјализиран за ракомет портал „Балкан-хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ)  донела одлука да му забрани на македонскиот првак Вардар настап во Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023.

Како причина за ваквата одлука ја наведува несредената финансиска ситуација, која пак го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

Според „balkan-handball.com“, тогаш ЕХФ сепак му прогледа низ прсти на клубот од „Јане Сандански“.

Офијалната одлука се очекува до крајот на неделата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.