Ракометниот клуб Алкалоид од неодамна има свој дом – салата „Автрокоманда“ која благодарение на компанија „Алкалоид“ е темелно реновирана. Ракометарите од сите возрасни категории имаат идеални услови за тренизи и натпревари, почнувајќи од соблекувалните, теретана, теренот…

Претседателот на Алкалоид, Живко Мукаетов, во придружба на тренерот Кире Лазаров, денеска беа дел церемонијата на свеченото отворање на салата.

– Пред година дена започнавме проект на визија, значаен за мак-ракометот. Основна цел е да се регрутираат млади таленти. Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков. Градиме нешто добро за македонскиот спорт, за нашата држава. Мора прво да веруваме во себеси, во тимот, во сите околу нас, ако сакаме да направиме нешто како што треба. Овозможуваме на голем број млади ракометари квалитетни услови за работа. Благодарност до сите наши ракометари, тренери, сите кои даваат логистичка поддршка и секако до сите вработени во компанијата Алкалоид, рече Мукаетов.

Тренерот Кире Лазаров кој зад себе има богата интернационална кариера, изрази големо задоволство од условите кои ги имаат неговите играчи.

– Чест и привилегија е за клуб како нашиот да има дом. Мислам дека тоа е предуслов, основа и база за понатамошна добра и квалитетна иднина. Во изминатите години од спортски аспект сакам да кажам дека сум презадоволен. Алкалоид почна од Првата лига и за само една година влезе во најквалитетната лига, истакна Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.