Ракометната федерација на Македонија (РФМ) испрати писмо преку генералниот секретар Филип Милошевски до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за проблемот со кој се соочува македонскиот првак Вардар.

„Балкан-хендбол“ вчера објави дека Вардар е пред исфрлање од Лигата на шампиони (ЛШ) поради долговите на старото раководство кон поранешните ракометари, но РФМ застана на срана на „црвено-црните“ и се обрати до ЕХФ.

Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија.

По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.

Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот.

Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука, пишува во писмото испратено до ЕХФ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.