Македонската репрезентација со двајца нови ракометари ќе влезе во вториот натпревар од Светското првенство, против Холандија денеска во 18 часот. Нови имиња се Давид Савревски и Павле Атанасијевиќ, на местото на Костадин Петров и на Томислав Јагуриноски, објави „Спорт1“.

Савревски иако не е ни 24 часа присутен во Краков, сепак веднаш ќе влезе во опрема и ќе истрча со 16-те против Холандија. Тој ќе биде потпора за Мартин Серафимов, кој ќе биде стартниот десен бек на Македонија. Мало изненадување е исфрлањето на Петров. Точно е дека состав со четворица пикери не е секојдневен, но Петров имаше перфектни четири од четири против Норвешка. На негово место влегува нов лев бек, Павле Атанасијевиќ, но многу повеќе поради неговата енергичност и во одбраната, која ќе биде потребна против брзите Холанѓани.

И на овој меч, како и со Норвешка, надвор од тимот е неговиот брат близнак, Петар Атанасијевиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.