Уште една трагична вест го потресе македонскиот ракомет, откако денеска почина Филип Христов, кој најголемиот дел од својот живот му го посвети на спортот.

Христов беше дел од Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), а исто така во Металург работеше на повеќе функции и помогна во успесите на скопската екипа.

На негов предлог, поранешниот женски тим Скопје се фузира со Металург со што почна приказната за женската екипа од Автокоманда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.