Еден од најдобрите ракометари во светот Никола Карабатиќ имал позитивен тест по мечот помеѓу Франција и Холандија, но и покрај тоа, ЕХФ му дозволила да игра против Исланд.

По пишувањата на медиумите оваа информација ја потврдија и од ЕХФ и ја објаснија својата одлука.

Точно е дека Никола Карабатиќ доби позитивен тест по мечот со Холандија. Нашите медицински експерти ја прегледаа неговата медицинска историја затоа што и претходно беше заразен со Kовид. Доби дозвола за игра затоа што имаше висок процент на антитела и не претставуваше закана за околината – гласи објаснувањето на ЕХФ.

Крабатиќ беше позитивен на 22 декември и поради тоа пропушти дел од подготовките. Со одлуката на ЕХФ, тој следните натпревари ќе добива дозвола и со позитивен тест, нема да може да настапи само ако нивото на неговите антитела драстично се намали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.